Македонија

Алиу: Задоцнет е и без ефект протестот во Скопје за косовската УЧК! – Требаше да го има во 2015 година!

„Мислам дека е доцна – доцна во смисла дека ќе има некаков ефект. Протестот, како политички чин, требаше да биде осмислен и организиран во вистинско време. Вистинскиот момент беше во 2015 година, кога се гласаше за основањето на Хашкиот трибунал.“ – рече д-р Мурат Алиу, професор во Факултетот за општествени науки на државниот универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје, вечерва во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

Во врска со протестот, најавен за утре, на 13 декември, во Скопјe, за поддршка на поранешните водачи на ОВК, на кои им се суди во Хаг, Алиу во „Дебата“ го изнесе и следното тврдење: „Уште од почетокот се знаеше дека овој суд е создаден, за да ѝ се надомести на Србија, со цел да да се воспостави еден вид рамнотежа меѓу Србите, судени за воени злосторства, и сега, делумно, да се врамнотежи случајот преку вклучување и на Албанците во оваа компонента.“

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

Николоски: Патарини без рампи, плаќање според изминати километри, ќе почне првин на автопатот Кичево-Охрид

Возачите во иднина би можеле да плаќаат патарина според реално изминатата километража, наместо фиксна сума на наплатните станици. Новиот модел предвидува електронска наплата без физичко запирање на возилата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека се подготвува закон за воведување на системот, при што ќе биде користена и експертска помош од Европската транспортна заедница. Според […]

Јаневска за бесмислиците на ДУИ за ученичките стипендии: Не ги доделуваме според етникум, туку според исполнети критериуми!

Министерството за образование и наука ги добива пријавите за ученички стипендии под шифра, а кој ќе добие стипендија зависи од тоа дали ги исполнува условите на конкурсот, вели министерката Весна Јаневска. Таа во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ 1 беше прашана за реакцијата на ДУИ дека од 817 ученички стипендии за тековната учебна година, само 80 им припаднале на ученици Албанци.

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација, што решава проблеми, а не создава нови!

Граѓаните не смеат да губат време по институциите поради неефикасноста на администрацијата, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој најави дека реформите треба да донесат поквалитетни услуги, поголема професионалност и одговорност од административните службеници.

Лекари бараат заштита од насилни пециентии нивни „роднини“

Потребни се конкретни законски механизми за заштита на здравствените работници, јасно дефинирани обврски за здравствените установи и соодветни услови за безбедно извршување на здравствената дејност

Најнови вести

To top