Час поскоро да се извади „преспанскиот нож“ од срцето на македонскиот идентитет, заради прв чекор кон нетериторијалниот Македонски свет како духовно обединување на сите Македонци!
Потпирајќи се врз поставките на Крсте Мисирков од „За македонцките работи“, потребно е час поскоро да се возобнови македонската држава со своето вистинско име Република Македонија, како и илинденско-асномската социолингвистичка реалност, во чие средиште ќе продолжи да опстојува државотворниот македонски народ со својот македонски идентитет и македонски јазик. Ова е предусловот за создавањето на нетериторијалниот „Македонски свет“ како единствена јазична, духовна и културна татковина на сите Македонци од Балканот, Европа и светот.