Македонија

Jовановски призна насилство врз Ивана и ќерка му, но не и наведување на самоубиство, мајката откри страшни детали

Прво рочиште во скопскиот Кривичен суд

Судот не го прифати признанието за вина на Стојанче Јовановски за телесна повреда и загрозување на сигурност. Не смета дека тој ја навел сопругата и помагање таа да се самоубие заедно со нивната 6-годишната Катја. Откако призна дека ја тепал и навредувал, рече дека тоа го прави под присила од Мартин Саздов за кој трвди дека бил во врска со неговата сопруга Ивана. Па поради тоа судот го одби признанието за вина.

„Се чувствувам виновен за телесната повреда, за другото не. Таа мене ме изневеруваше, се работи за неверство, никој не сакаше да ме сослуша. Мартин ѝ се закануваше цело време, ѝ рече оди фрли се под воз, неговите зборови ги става во моја уста. Не можам да се смирам, Мартин Саздов ми го упропасти семејството“ рече Стојанче Јовановски – обвинет.

Прв сведок на обвинителството беше Љубица Стојновска – мајката на Ивана. Сведочеше дека првите траги на насилство ги забележала уште пред пет години, се посомневала но ќерка и некогаш не признала дека сопругот ја тепа. Неколку пати пријавиле во полиција, вклучително и лани во август кога го напуштила домот и поднела бракоразводна парница, но не отишла во полиција да го потпише записникот кој бил направен од полициските службеници од Карпош.

„Се сомневав дека е малтретирана, но не ми признаваше, велеше – ќе биде во ред, мама. Дознав и од Катја. Велеше, ќе ти кажам само не кажувај ѝ на мама. Велеше, мама ќе клекне доле, а тато ја шутираше и ја удираше“ рече Љубица Стојановска (мајка на Ивана) сведок.

Од ударите Ивана, годинава била хоспитализирана на Клиника, а обвинетиот сопруг дошол со ќерката да ја посети. Но посетата завршила со карање и  буткатање на Ивана по скали од страна на Јовановски, сведочеше нејзината мајка.

„Самата Катја кажа дека Стојанче ја турнал, а ги видел и еден болничар. Ја турнал по скали пред Катја. Болничарот се стрчал да ја прифати Ивана и веднаш ја снимиле дали има скршеница, а Катја ја прибрале сестрите. Катја им рекла на сестрите дека во претходниот ден Стојанче ја заклучил и отишол да вежба. Ја прашале дали сака да јаде, рекла дека досега јадела само тоа што ѝ го купила баба ѝ, претходниот ден. Била гладна“ вели Љубица Стојановска (мајка на Ивана) сведок.

За обвинителката, манупилација за да се избегне кривична одговорност се тврдењата на Јовановски за некаква врска помеѓу Ивана и Мартин Саздов, кој ќе биде сослушан како сведок.

„Денешното признание на вина од страна на обвинетиот воопшто не е признание бидејќи, во согласност со Законот за кривичната постапка, во оваа постапка се знае како се дава такво признание. Треба да биде доброволно, јасно и без присила од никого. Поради тие причини, судијата не го зема предвид целосното признание, ниту го ценеше, и затоа продолживме со изведување докази“ рече Адела Бојчевиќ – Обвинител од ОЈО Скопје

Адвокатката на мајката, посочува дека ова е прв пат во Македонија да се гони за наведување и помагање во самоубиство, па од тука очекуваат да биде осуден за трите кривични дела.

„ Сакам да кажам дека во другите држави не е толку чудно жртви на континуирано семејно насилство, кои се самоубиле, а сторителите, односно нивните интимни партнери или нивните сопрузи, да бидат гонети и осудени конкретно за овие кривични дела. Така што очекуваме во целост да биде прифатено обвинението затоа што во поширока смисла во меѓународното право самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид“ рече Неда Чаловска – Адвокат на Стојановска

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а постапката продолжува со изведување докази и сослушување сведоци. Мајката Ивана и 6-годишната Катја починаа на лице место по пад од тераса од станот во скопски Карпош на 2 март годинава.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Најнови вести

To top