Македонија

Мицкоски: Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба

Орбан e лидер so храброст да носи одлуки во интерес на својата држава и придонесува за стабилноста на регионот и Европа, вели македонскиот премиер

Во рамките на посетата на Унгарија, македонскиот премиер Христијан Мицкоски се обрати на настан во организација на Mathias Corvinus Collegium – MCC, каде што говореше за значењето на лидерството, визијата и храброста во време на сериозни европски и глобални предизвици.

„Истакнав дека силните држави се градат врз јасни политики, стабилни институции и доследна заштита на националните интереси.

Унгарија претставува пример за држава која со јасна визија и силно лидерство успева да обезбеди економски развој, стабилност и зачувување на идентитетот. Премиерот Орбан како лидер има храброст да носи одлуки во интерес на својата држава и придонесува за стабилноста на регионот и Европа.
Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба, заеднички вредности и конкретна соработка. Двете земји градат стратешки сојуз насочен кон економски развој, политичка поддршка и заедничко справување со предизвиците на современото време.
Благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Унгарија, која е искрена, континуирана и од исклучително значење за натамошното продлабочување на билатералните односи“, порача Мицкоски од Будимпешта.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top