Тема: истрага на безбедносните органи и носители на јавни функции

Алсат: Наместо со темелни промени во ДУИ, Конгресот заврши со рокади во раководството, на истите имиња, од еден орган во друг!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот конгрес изнел барање „да се поддржи предлог-законот на ДУИ за проверка (ветинг) со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда“ и во овие рамки да се спроведела „длабинска истага за сите носители на јавни функции во последните 34 години, за министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција“! Но, да се спроведе и „истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“! Дали можеби челникот на ДУИ сака да им се принесат на тацна и сите досиеја и сета архива на тајната полиција и безбедносните служби на Македонија од 1945 година до денес – нешто што го бара и Бугарија во рамки на “добрососедскиот договор“?! Со која цел ДУИ, произлезена од некогашната УЧК од 2001 година, и нејзиниот лидер Ахмети, како поранешен „врховен командант на УЧК“, сега бараат „длабински истражен увид“ во сѐ она, што го работеле безбедносните органи на македонската држава во изминативе 80 години?! Постои ли случајност, или некакво „симптоматично совпаѓање“ меѓу барањето на ДУИ и Ахмети и барањето на официјална Софија, која, исто така, како и ДУИ и Ахмети, пројавува „специјален интерес“ за сознанијата и активностите на безбедносните служби на Македонија по Втората светска војна сѐ до денес?!

To top