Тема: кандидат за градоначалник на Брвеница

Рамадани: Не ја давам општина Брвеница по ниедна цена, ќе го заштитам секој нејзин жител?!

Се наметнува голема дилема: кому Хаќим Рамадани „нема да му ја даде општина Брвеница по ниедна цена“, од кого и за кого „ќе го заштител секој нејзин жител“?! Каква „лошотија“,  или „опасност“, наводно, им се „заканува“ на жителите на Брвеница, па да морало ете, токму тој да ги „заштитува“?! Во својата објава на фејсбук Хаќим Рамадани се обидува да се „покрие“, па „великодушно“ се нуди дека ќе ги „заштитува“ не само Албанците, туку и „Македонците и други народи, што живеат во општина Брвеница“. Но, етничката интонација на оваа порака преку општествената мрежа, земајќи ги предвид и другите негови изјави во изминативе денови, многу јасно одразува што сака попрво да каже тој. Рамадани веќе порача најотворено дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“!

To top