Ибрахими: Цел ни е да победиме на изборите и со листите за градоначалници и со советничките листи во сите општини, каде што ќе учествуваме
Лидерот на партијата Алтернатива од коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими го одрази големиот оптимизам, кој владее во нивната коалиција на прагот на годинашниве локални избори, образложувајќи дека тој оптимизам се засновува врз мерењата на рејтингот на партиите во општините и согледувањата околу расположението на гласачите.