Тема: колумна на Златко Теодосиевски

Теодосиевски: Сектата СДСМ итно бара „Бугари во Уставот“ и да ѝ се седне на Бугарија во скут, што би бил историски, јазичен, идентитетски и национален масакр на Македонија!

„Ако ѝ седнете на бугарија в скут, тогаш следи историски, јазичен, идентитетски, национален масакр! Тоа ќе биде комплетен историски масакр на македонското право на сопствена историја, на саможртвата на оние национални револуционерни дејци, ќе биде черечење на македонскиот јазик како „блгарски дијалект“ (што неодамна, повторно, го слушнавме во Софија!), ќе претставува целосно откажување од македонските корени и национални проблесоци! Не е ли основен политички ред опозицијата конечно да се изјасни дали со прифаќањето на уцената „Бугари во Устав“ и т.н. „француска рамка“ за почеток на пристапните преговори едновремено ја прифаќаат и „заедничката историја“ и разрешување на оние „наследени политички и историски проблеми“, што им се вртат во главата на Радев и бугарските ултранационалисти? Зашто тој процес нема да биде уште една домашна политикантска манипулација како „Преспанскиот договор.“ – нагласува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Историски масакр во два чина, или: која историја (уште) ќе ја менуваат?“, објавена на порталот „Плус инфо“.

Теодосиевски: Шарлатанот и лидер на сектата бара од премиерот споделено „Бугари во Устав“?! И други да им ги бришат валканиците – ма немој?!

„Лидеро’ на сектана од собраниска говорница бара од премиерот и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин велејќи: ‘Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите.’ Што повторно ќе рече дека најцрно подметнуваат божем сите го пишувавме смешнион Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија, а особено сите учествувавме во составувањето на шизоиднион Протокол бр. 2 и ставивме заеднички потпис врз него! Ма немој, повторно – сите, нели? ‘Сите’ да им ги бришат кашканиците!“ – пишува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Нѐ убива ‘демократскиот соцреализам“.

Теодосиевски: Дали шарлатаните од сектата, што глуми партија, не гледаат дека со бугарските шизофрени услови за „Бугари во Устав“ се отвора бездна пред Македонија?!

Денес кај нас станува особено тешко да (си) разјасните дали одделни „групации“ – меѓу нив и оние што глумат политички партии и нивната „интелектуална“ клиентела – се навистина толку глупави па не разбираат за што се залагаат, дали сериозно не разбираат за што станува збор, или нивните (веќе) отворено антидржавни заложби кријат некакви „таинствени“ интереси… Зашто, дури и кога отворено и до детали го предочуваат „историјатот“ на македонско-бугарскиот спор со сите негови нецивилизирани услови и стапици, тие повторно ургираат за некакви „Бугари во Устав“ – и кои, оние 250? – и надминување на само ним познатиот „ќор-сокак“ во македонските евроинтеграции. И зарем кога го препрочитуваат историјатот на сите оние бугарски шизофрени услови навистина не разбираат за што таму станува збор? И веруваат во коренита историска пресвртница со просто внесување на 250 Бугари во Уставот? Каков црн „ќор-сокак“, зарем навистина не го гледаат отворениот пеколен амбис? Ова го пишува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Можно ли е да се толку глупави“?

To top