Декларација на ЕФА до Комитетот на министри на Советот на Европа за правата на Македонците во Бугарија и надѕорот врз неа за нивното кршење
„Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) нагласува дека секое затворање, или намалување на меѓународниот надзор врз Бугарија во врска со нејзините постојани кршења на правата на Македонците во Бугарија, во оваа фаза би било прерано и спротивно на обврските, што произлегуваат од член 46 од Конвенцијата. Со тоа се поткопуваат авторитетот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и доверливоста на системот за заштита на човековите права на Советот на Европа.“ – порача европската партија Европска слободна алијанса – ЕФА во „Декларацијата на Работната група за јазични и малцински права на ЕФА околу македонското малцинство во Бугарија“, донесена вчера на 20 ноември 2025 година во врска со претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој треба да се одржи на 2 декември 2025 година.