Македонија

Благословен и честит нека е празникот Рамазан бајрам

Овој празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. тој е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов

Дозволете ми, на сите верници од исламска вероисповед, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан бајрам, се вели во честитката упатена од претседателката на Македонија по повод денешниот празник на верниците од иисламска вероисповед..
„Овој празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов.
Енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница.
Во време кога човештвото се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина.
Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија. Со цврста волја, силна верба и заедништво, ќе ги надминеме сите предизвици и тешкотии.
Бајрам Шериф Мубарек Олсун.
Благословен и честит нека е празникот Рамазан бајрам“ честиташе претседателката..

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top