Разбиено злосторничкото здружување за нелегален ботокс: уапсени 14 лица! Во криминалот доктори во скопски клиники и сопственици на дерматолошки ординации!
Министерството за внатрешни работи соопшти детали за обемната полициска акција спроведена на 23.04.2026 година, во која се сузбиени организирани криминални групи инволвирани во нелегален увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат при естетски зафати. Акцијата е реализирана од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамките на истата, врз основа на судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.