Тема: литургија на Даниил и Вартоломеј на 27.12.2025

„Н.М“: Споменувањето на МПЦ-ОА како „северномакедонска црква“ во литургијата на Даниил и Вартоломеј е отсекување на милениумите на македонскиот идентитет и црковните традиции!

„Таквиот потег на Даниил и Вартоломеј фрла сенка врз историската и националната легитимација. Наместо да ја афирмира МПЦ-ОА  како наследник на една од најстарите институции на словенското христијанство, таквата формулација ја сведува на симбол без длабоки корени, како дрво отсечено од својата почва. Со формулацијата „црква од Република Северна Македонија“, која ја користеше вселенскиот патријарх Вартоломеј, уште поопасно за нас, се фалсификуваат два милениума христијанство во Македонија, се сече едната и единствена црковна врска меѓу Светипавловата и Светиклиментовата црква, кои се неизбришливо втемелени во МПЦ-ОА. Но, името на МПЦ–ОА денес не е само предмет на богословска и канонска дискусија, туку и поле на борба за признавање, легитимитет и духовна самостојност на македонскиот народ. Во него се вкрстуваат идентитетот на македонскиот народ, неговото право на сопствена црковна традиција, како и историската должност да се зачува споменот на Охридската архиепископија како еден од најсветлите столбови на православието. – се нагласува во анализата на весникот „Нова Македонија“ со наслов „Цариградските камбани сѐ погласно бијат за некаква ‘северномакедонска црква“!?“.

To top