Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана
Азески, како член на Советодавниот одбор, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок посветена на долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.