Прво пенливо вино од линијата „Луда Мара“ на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена
Винарската визба „Тиквеш“ го лансираше на пазарот Luda Mara Sparkling – првото пенливо вино во линијата Luda Mara. Неговиот современ визуелен идентитет е креиран во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио Girafa, со цел автентичното потекло на виното да биде претставено преку препознатлив дизајн со кој може рамноправно да застане на винските полици на развиените светски пазари. Од „Тиквеш“ посочуваат дека новото пенливо вино е пример како локалното потекло и традиционалното винарско знаење можат да се поврзат со современите светски трендови, при што очекуваат значителен интерес кај потрошувачите.