Тема: мешање во внатрешните работи на суверена Република Македонија

Дали претседателката на албанскиот парламент Спиропали се меша во внатрешните работи на суверена Македонија, велејќи „Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од нејзините државотворни столбови“?!

„Претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, реагираше по протестот на албанските студенти во С.Македонија, оценувајќи дека самиот факт што младите се принудени да протестираат за правото на употреба на албанскиот јазик докажува дека проблемот не е процедурален, туку политички, институционален и морален. Во својата реакција, Спиропали нагласува дека студентскиот протест ги истакна нерешените прашања кои, според неа, не се појавуваат само во парламентарните дебати или политичките изјави, туку и на улиците, преку гласовите на младите кои бараат почитување на основните права.“ – ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Оваа агенција го пренесува, покрај другото и ставот на Спиропали, која наведува: „Албанците во С Македонија не бараат привилегии. Тие бараат она што требаше да се реши пред многу години и за кое во овој век повеќе не треба да се дискутира. Албанците како политичка етничка група, албанскиот јазик и колективните права мора да бидат јасно, цврсто и недвосмислено дефинирани во Уставот на државата, бидејќи Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од државотворните столбови на самата С.Македонија.“ Со ова се отвора сериозна дилема: дали претседателката на албанскиот парламент се меша свесно во внатрешните работи на суверена Република Македонија, обидувајќи се да ѝ дели „лекции“ за уставно (пре) уредување на македонската држава?!

Најнови вести

To top