Градоначалникот на Скопје Ѓорѓиевски: Потпишан е договорот за набавка на 150 електрични автобуси
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје информираше дека е потпишан договорот за набавка на 150 електрични автобуси. Набавката ја спроведе централната власт, договорот е потпишан со унгарската фирма „Икарус“. Ова го објави „Плус инфо“.