Кравите не се единствениот проблем на Крива Паланка според граѓани на овој град кој стана меѓународно познат по 1000 говеда кои шетаат слободно и прават штета.
Во отсуство на мерки преземени од градоначалникот владата вчера презеде соодветни чекори за санирање на ситуацијата но дали градоначалникот ќе го реши барем другиот проблем.
Граѓанка на социјалните мрежи апелира до жителите и надлежните служби и градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски поради група опасни кучиња-скитници што се движат во близина на локалитетот „Кус“, до Житни.

Според објавата, животните често трчаат со голема брзина по автомобилите, непрекинато лаат и се вознемируваат меѓусебно кога нема возила. Минувачите, особено родители со деца и повозрасни лица, се предупредуваат да бидат внимателни бидејќи однесувањето на кучињата создава чувство на несигурност и непријатност.
„Ова не е нешто што треба да се игнорира. Не треба да чекаме да се случи напад или некој да биде повреден за да се реагира“, се наведува во апелот.
Граѓанинот бара од службите на Општина Крива Паланка веднаш да излезат на терен, да ја проверат состојбата и да преземат соодветни мерки. Безбедноста на граѓаните, според него, мора да биде приоритет.
Апелот е упатен до сите што се движат во тој дел од градот, со порака да останат внимателни додека надлежните не ја решат ситуацијата.
Во коментарите граѓани потврдуваат дека кучињата се сериозен проблем за граѓаните на Крива Паланка кои чекаат спас од градоначалникот.
Целата објава:
⚠️ ВНИМАНИЕ – АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ И НАДЛЕЖНИТЕ!
Кај „Кус“, до Житни, има група од 3–4 кучиња скитници.
Ги предупредувам сите граѓани, особено родителите со деца и повозрасните лица, да бидат внимателни при движење во овој дел.
Кучињата се движат во група, трчаат со голема брзина по автомобилите и непрекинато лаат. Кога нема автомобили, се вознемируваат меѓусебно, а како минувач не можете да знаете дали во одреден момент и вие ќе им го привлечете вниманието. Нивното однесување создава чувство на несигурност и непријатност кај граѓаните.
Ова не е нешто што треба да се игнорира!
Апелирам до надлежните служби во Општина Крива Паланка да излезат на терен, да ја проверат состојбата и да преземат соодветни мерки.
Не треба да чекаме да се случи напад или некој да биде повреден за да се реагира.
Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет. Реагирајте навреме!
Општина Крива Паланка
Општина Крива Паланка Сашко Митовски