Бизнис

НОМАГАС: Македонија се вклучува во проширувањето на Вертикалниот коридор кон Западен Балкан

Македонија направи значаен чекор кон вклучување во проширениот Вертикален коридор. НОМАГАС АД Скопје, заедно со Transportgas Srbija, за првпат учествуваше во работните разговори на операторите на системите за пренос на природен гас, одржани во Атина, со што Западен Балкан се вклучува во понатамошниот развој на иницијативата, соопшти НОМАГАС.

„Присуството на НОМАГАС на состанокот ја отвора можноста националниот гасен систем навремено да се вклучи во регионалното планирање на инфраструктурата и прекуграничните капацитети. Во разговорите учествуваа DESFA од Грција, Bulgartransgaz од Бугарија, Transgaz од Романија, Vestmoldtransgaz од Молдавија, FGSZ од Унгарија, EUSTREAM од Словачка и GTSOU од Украина, како и независните оператори Gastrade и ICGB. Компаниите беа претставени од нивните извршни директори и високи раководители.

Во следната фаза ќе се разгледуваат расположливите капацитети на поврзаните системи, точките на интерконекција, планираните инфраструктурни проекти и роковите за нивна реализација. За таа цел, учесниците се договорија да формираат заедничка техничка и комерцијална работна група, која ќе ја координира техничката процена на проширувањето и ќе ја подготви измената и проширувањето на Меморандумот за разбирање. Овој чекор создава основа процесот да премине од координација кон конкретна подготовка за реализација.

  • ‘Учеството на НОМАГАС во разговорите во рамките на Вертикалниот коридор е важен чекор кон вклучување на Македонија во пошироката регионална енергетска мрежа. За нас ова значи навремена координација на развојот на домашниот систем со интерконекторите кон Грција и Србија и создавање услови за пристап до повеќе извори и повеќе правци на снабдување. Проширувањето на Коридорот дополнително го зголемува значењето на националните инфраструктурни проекти за сигурноста, стабилноста и флексибилноста на снабдувањето со природен гас’, изјави Недим Рама, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје.

Вертикалниот коридор се развива во интегрирана регионална платформа за енергетска соработка, а не претставува еден посебен гасовод. Тој ги поврзува постојните и новите национални системи, интерконектори, терминали и прекугранични точки, со цел да се зајакнат сигурноста на снабдувањето, диверзификацијата на изворите и транспортните правци, отпорноста на енергетската инфраструктура и интеграцијата на пазарите на гас во Југоисточна и Централна Европа, вклучително и во Западен Балкан.

На дел од состанокот присуствуваа и министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, и министерката за енергетика на Република Бугарија, Ива Петрова. Тие ја изразија својата политичка поддршка за иницијативата и го поздравија вклучувањето на Македонија и на Србија во регионалната енергетска архитектура што се создава.

За Македонија, проширувањето на Вертикалниот коридор е непосредно поврзано со развојот на интерконекторот со Грција и со подготовките за интерконекторот со Србија. Овие проекти треба да овозможат поврзување со поширок круг извори, снабдувачи и транспортни правци и да ја намалат зависноста од една влезна точка.

  • Операторите ја потврдија својата посветеност да продолжат со тесна координација на техничко и оперативно ниво, со цел проширувањето на Вертикалниот коридор да се реализира навремено и да се зајакне неговата улога како сигурна и конкурентна енергетска артерија за Југоисточна и Централна Европа и за Западен Балкан“, соопшти НОМАГАС.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top