Институтот за јавно здравје отстрани 10 тони опасен хемиски отпад што можел да предизвика хаварија
Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста. Како што информира денеска директорката на Институтот, Марија Андоновска отпадот е моментно безбедно отстранет и нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.