Со законски измени пензионирани лекари ќе можат да работат до 70 години, бидејќи здравствениот систем нема доволно кадри!
Министерот за здравство Азир Алиу при посетата на Општата болница со проширена дејност во Дебар најави законски измени со кои пензионираните лекари и медицински сестри ќе можат да продолжат со работа до 70-годишна возраст. Тој истакна дека здравствениот систем се соочува со недостиг на кадар, особено лекари и медицински сестри, поради што искуството на пензионираните здравствени работници е од големо значење.