Македонија

Со законски измени пензионирани лекари ќе можат да работат до 70 години, бидејќи здравствениот систем нема доволно кадри!

Министерот за здравство Азир Алиу при посетата на Општата болница со проширена дејност во Дебар најави законски измени со кои пензионираните лекари и медицински сестри ќе можат да продолжат со работа до 70-годишна возраст. Тој истакна дека здравствениот систем се соочува со недостиг на кадар, особено лекари и медицински сестри, поради што искуството на пензионираните здравствени работници е од големо значење.

– Сите лекари и сестри кои ќе поднесат барање во установите каде што има недостиг ќе можат да продолжат со работа до 70 години. Ќе примаат пензија, но и дополнителна плата – изјави Алиу, додавајќи дека целта е да се намали кадровскиот дефицит во здравството.

Според него, законските измени се во владина процедура и се очекува да бидат усвоени во рок од еден месец. Тој најави и втора фаза од реформите, која предвидува ангажирање лекари од дијаспората преку дигитални и онлајн услуги, како дел од процесот на оптимизација и дигитализација на здравствениот систем. 

 – Имаме голем број стручњаци во дијаспората кои можат да придонесат, дури и на далечина, а некои од нив се подготвени да работат и волонтерски – додаде министерот. 

За време на посетата, Алиу го означи и почетокот на пилот-проект за телемедицина во областа на дерматовенерологијата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

To top