Советот на јавни обвинители испрати до Владата позитивни мислења за Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристовска, Ненад Савевски и Лидија Раичевиќ
Советот на јавните обвинители ги разгледа пријавите на петте кандидати за нов државен јавен обвинител. Дадено е позитивно мислење за кандидатурите на в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ. Разгледувајќи ја кандидатурата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, Советот на јавните обвинители едногласно одлучи дека тој не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавeн обвинител, или како судиja од областа на кривичното право.