Тема: предвремени парламентарни избори

Апсурди на ДУИ: бара предвремени парламентарни избори и, ако би се вратила во владата, да не одговара пред премиерот, туку пред граѓаните?!

Пренесувајќи го ставот на неговата партија ДУИ и нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ), Арбер Адеми со барањето да се одржеле предвремени парламентарни избори поправо се обидува да ги оспори резултатот од ланските парламентарни избори и политичката волја на граѓаните, кои гласале за ВМРО ДПМНЕ и другите партии, што ја сочинуваат сегашната Влада на Република Македонија. „Ќе треба да се одрази вистинската волја на граѓаните во составот на владејачките институции!“ – бара Арбер Адеми во име на ДУИ и НАИ, но дали мисли дека лани не била одразена вистинската волја на граѓаните?! Само затоа што ДУИ не е повеќе на власт, по две децении, би морала да им се исполни незгасливата желба да бидат доживотно во власта, па пак да се оди на парламентарни избори – барања и ставови на ДУИ, кои се далеку од реалноста и нормалната политичка пракса во секоја држава во Европа и светот.

Меџити: На земјата не ѝ требаат предвремени парламентарни избори, туку решенија и спроведување на програмата и ветувањата!

Меџити, кој е кандидат на Вреди за претседател на општина Чаир, посочува дека нивната коалиција ќе биде апсолутен победник на овие избори. 

Меџити: Нема индикации за предвремени парламентарни избори, но може да има реформатирање на владата, ако победам на локалните избори во Чаир

„Во овој момент насоченоста е само на локалните избори.“ – нагласува вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир од коалицијата Вреди Изет Меџити.

To top