Македонија

Меџити: Нема индикации за предвремени парламентарни избори, но може да има реформатирање на владата, ако победам на локалните избори во Чаир

„Во овој момент насоченоста е само на локалните избори.“ – нагласува вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир од коалицијата Вреди Изет Меџити.

Нема индикации за предвремени парламентарни избори, но може да има реформатирање на владата.“ – изјави вицепремиерот и кандидат на коалицијата Вреди за градоначалник на Чаир Изет Меџити во интервјуто, дадено за емисијата „Пресинг“ на медиумската платформа Т 7. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Порталот ја цитира изјавата, што ја даде Изет Меџити во овој контекст: „Сега нема анализи за одржување предвремени парламентарни избори. Во овој момент насоченоста е само на локалните избори. По локалните избори ќе правиме анализи. Форматирање на владата може да има, тоа ќе биде нормално, ако победам во општина Чаир. Тогаш на позицијата вицепремиер ќе дојде некој друг, или, како што имам речено, Беким Сали.“

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top