Уставен суд: Имињата на улиците во Тетово биле сменети без барање и согласност на Владата!
На 17 јуни, Уставниот суд на Република Македонија ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година.Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната документација којашто претходела на донесувањето на оспорената одлука. Но, Општината ја доставила ниту согласноста ниту барањето за согласност, кое било испратено до Владата, туку Листата на имиња на улици и плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 30.11.2006 година.