Мицкоски: Македонија 15 години не е во ЕУ, поради вештачки барања на нејзина членка! Членство во ЕУ не значи промена на идентитет!
Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот “Отпорност како императив за севкупното општество” истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања, напиша премиерот Христијан Мицоски на општествените мрежи.