Тема: Претседател на суд и судски администратор барале и примиле поткуп

Нов корупциски скандал: Претседател на суд и судски администратор барале и примиле поткуп од 8 илјади евра, за да интервенираат кај судија во Гостивар!

Предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои како соизвршители сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Осомничените, како што информира ОЈО, од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејство, што не би смеело да се изврши.

To top