Со „Предлог-заклучоците“ Советот на ЕУ ја претвора Македонија во „гробишта за европските резолуции и Копенхагенските критериуми“!
„Бугарското негирање на посебноста на идентитетот и историјата на македонската нација служи како оправдување за бруталната војна на агресија и културно уништување. Оваа националистичка патологија стана официјална политика на ЕУ! Барањата на Бугарија кон С.Македонија се неправедни: додека Бугарија инсистира на вклучување на Бугарите како конститутивен народ во македонскиот устав, таа упорно го негира постоењето македонско малцинство во Бугарија!“ – нагласува д-р Улф Брунбаер во својот научен труд со наслов „Страничните ефекти од ‘фантомските болки’: како бугарската историска митологија го попречува пристапувањето на С.Македонија во ЕУ“. Трудот е објавен на 4 јануари 2023 година во научното списание „Споредбени студии за Југоисточна Европа“. Професорот Брунбауер е австриски историчар и академски директор на Институтот Лајбниц за студии за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија. Неговите аналитички заклучоци од овој труд претставуваат жестока и аргументирана критика на политиката на Европската унија кон Република Македонија и нејзиното газење на сопствените Копенхагенски критериуми за проширувањето.