Тема: протест во Скопје

Екс-„УЧК“ ги предупредува „соборците“ да не доаѓаат на протест во Скопје, оти полицијата е „должна да ги апси, ако се на потерници на Европол“!

„Претпочитаме нашите борци на УЧК да не тргнуваат на пат кон Скопје, бидејќи немаме гаранции. Дури и да го побараме тоа, не е можно државата С.Македонија да даде гаранции кога сте на списоците на Европол. Автоматски, кога вашата лична карта ќе биде внесена во базата на податоци на граничната полиција и ќе се покаже дека сте барани, полицијата има обврска да ве уапси. Затоа им кажуваме на нашите соборци да не учествуваат на протестот во Скопје. Има многу граѓани кои ќе учествуваат.“ – истакнува „Организацијата на воени ветерани-УЧК“ во своето соопштение, едновремено и предупредување до нивните поранешни „соборци од УЧК“ од Косово. Ова го објави ТВ Алсат.

Мерсели: Наместо да поднесе оставка, Ахмети говори на протести против Хашкиот трибунал, дури се претставува и како „господар“ на протестот на 13 декември!

„Приказната дека е ‘херој на војната и менувач на положбата на Албанците’ го одржа Али Ахмети жив во политиката во изминативе две децении. Затоа ги добиваше гласовите на Албанците. Но, избра да си игра со луѓе блиски до него и со оние, што ги делегираше. Половина од нив му го свртеа грбот кога почна да бледнее неговата слика како политички обединител на Албанците. Грбот му го свртеа дури и неговиот чичко, пријател од детството и идеал, и половина од неговите роднини. Лидерот на ДУИ Али Ахмети веќе доживеа политички потоп, тој загуби двапати на избори!“ – истакнува во својата колумна Неби Мерсели, политички аналитичар и новинар од Македонија, кој моментно живее во Канада.

Дрска провокација на Сила: Протестот во Скопје ќе се одржи со, или без поддршка од институциите на РСМ! – Не го поканивме Мицкоски да присуствува!

Дали потпретседателот на Организацијата на ветерани на УЧК од меѓународниот протекторат Косово Газменд Сила смета дека Република Македонија не е суверена држава, па си дозволува и тој и неговите содејци од нивната организација да организираат протест во држава, која нема никаква врска со нивните мотиви, поради кои сакаат да протестираат?! Или тие си мислат дека веќе можат да доаѓаат во главниот град на Македонија да протестираат, „со или без поддршка и дозвола на нејзините институции“, бидејќи ја добиле „главната дозвола и согласност“ на еден опозициски политичар и лидер на партија – Али Ахмети на ДУИ, кој не е никаков фактор да одлучува за такво нешто?!

Здружението на косовската УЧК ќе одржи во декември „мирен протест во Скопје на Албанците“ против судењето во Хаг на нејзините водачи

„Ќе одржиме мирен протест и во Македонија, бидејќи таму ги имаме нашите браќа-Албанци.“ – изјави претседателот на „Организацијата на воени ветерани“ на косовската УЧК Хисни Гуцати, најавувајќи го протестот во македонската метропола против судењето во Хашкиот трибунал на четворицата некогашни водачи на поранешната „Национална ослободителна армија“ – УЧК од Косово.

To top