(Фото): Одрони, поплавени објекти – дождот прави проблеми низ цела Македонија
Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови во тетовско, а ЦУК информира за излевање на реката Вардар во селото Балин Дол, како и излевање на Лукавичка река во селото Мало Турчане и Сушичка Река во селото Горно Бањице. Поголем одрон има и на патот село Татеши – село Мислодрежда. Во Охрид пријавени се поплавени подруми, гаражни и дворови на повеќе локации. Според ЦУК, засега стабилна е ситуацијата во Кумановско и Скопско.