Во Грција започнува со работа нов рудник за злато – инвестиција тешка една милијарда долари
Инвестицијата изнесува 1 милијарда долари и до сега се завршени околу 70% од изградбата на рудникот. Од компанијата додаваат дека се работи за комбиниран рудник со затворен и површински коп, фокусиран на злато и бакар, односно ресурси кои се клучни за новата економија: златото како заштита од инфлација и несигурност, а бакарот за енергетската транзиција и електрификацијата.