Македонија

Мицкоски: Итреците од СДСМ и ДУИ веќе имаа декларација во Собранието дека нема да ги прифаќаат ултиматумите од Софија, но сепак сѐ им прифатија!

„На граѓаните и на Македонија им треба јасна политика и јасна визија на борба со аргументи, стекнување пријатели. Ние, како влада, имаме иднина, која што е иднина на развој, на реформи на градба.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

„СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и граѓаните и играат на картата на кратко паметење. Тие веќе имаа таква декларација во Собранието, да не ги прифаќаат ултиматумите на Софија. Но прифатија се. Уште поназад во времето тие имаа декларација дека нема да се промени уставното име но… Имаше декларација во Парламентот кога немаше да има промена на името на државата, изгласана пратениците на СДСМ од пратениците. Меѓутоа знаете се што правеше СДСМ кога дојде во Владата и што се се случуваше кога се менуваше името на државата: прво ќе ги почитуваа резултатите од референдумот, а кога беше неуспешен не ги почитуваа. Видовме итреците седум години што и направија и на државата и на граѓаните, видовме каде стигнавме.“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за декларација во Собранието за евроинтеграциите и прекинување на преговорите со ЕУ, ако Република Македониј добие ново вето од Бугарија.

Според премиерот Мицкоски, остануваат само предавството, криминалот и неколкумина поранешни членови во Владата на СДСМ и ДУИ, кои се ултрамилионери. „На граѓаните и на Македонија им треба јасна политика и јасна визија на борба со аргументи, стекнување пријатели, објаснување на нашите аргументи… Нашата позиција како Влада ја знаете. Тој тип на итроштини ќе ги оставиме во минатото, кое е поразено. Ова е работа, што треба да ја водат сериозни луѓе со јасна визија и стратегија. Ова не е игра на итроштини. Ние како влада имаме иднина, која што е иднина на развој, на реформи на градба.“ – посочи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top