Теодосиевски: Сектата СДСМ итно бара „Бугари во Уставот“ и да ѝ се седне на Бугарија во скут, што би бил историски, јазичен, идентитетски и национален масакр на Македонија!
„Ако ѝ седнете на бугарија в скут, тогаш следи историски, јазичен, идентитетски, национален масакр! Тоа ќе биде комплетен историски масакр на македонското право на сопствена историја, на саможртвата на оние национални револуционерни дејци, ќе биде черечење на македонскиот јазик како „блгарски дијалект“ (што неодамна, повторно, го слушнавме во Софија!), ќе претставува целосно откажување од македонските корени и национални проблесоци! Не е ли основен политички ред опозицијата конечно да се изјасни дали со прифаќањето на уцената „Бугари во Устав“ и т.н. „француска рамка“ за почеток на пристапните преговори едновремено ја прифаќаат и „заедничката историја“ и разрешување на оние „наследени политички и историски проблеми“, што им се вртат во главата на Радев и бугарските ултранационалисти? Зашто тој процес нема да биде уште една домашна политикантска манипулација како „Преспанскиот договор.“ – нагласува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Историски масакр во два чина, или: која историја (уште) ќе ја менуваат?“, објавена на порталот „Плус инфо“.