Тема: „Стратегија Македонија 2030“

План, дами и господа, план што ќе се оствари – ете толку е едноставно

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување

Стратегија 2025–2030 е патоказ што гарантира стабилни институции, модерна економија и ја става Македонија во европската иднина без да ја загуби својата историска вертикала

ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики, под водство на претседателот Христијан Мицкоски, кои го трасираат патот на раст и развој на државата во успешна, модерна и просперитетна Македонија, велат во партиското соопштение од владејачката партија.

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

„Генерално, ‘Стратегијата Македонија 2030’ е документ, што ја содржи визијата за тоа како ние, како ВМРО-ДПМНЕ, во моментов владејачка партија, а се надеваме и до 2030-тата ќе биде така, ја гледаме Македонија и кои се столбовите, врз кои ќе ја темелиме нашата политика и како политичка партија и како најголема политичка партија во рамки на Владата.“ – рече завчера на средба со новинарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Денес во Кавадарци Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: отворање ново поглавје на опстојот и развојот на македонската држава со „Стратегија Македонија 2030“

„Стратегијата Македонија 2030“ ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на поколенијата, што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом – Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите.“ – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

To top