Газдата на изгорениот „Пулс“ Деко нема да оди во куќен притвор, поради негативното мислење на Обвинителството за таквото барање
Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите, кои го следат процесот во судницата. Барање за куќен притвор поднесоа и други обвинети за пожарот во „Пулс“.