Хроника

Газдата на изгорениот „Пулс“ Деко нема да оди во куќен притвор, поради негативното мислење на Обвинителството за таквото барање

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите, кои го следат процесот во судницата. Барање за куќен притвор поднесоа и други обвинети за пожарот во „Пулс“.

Бранителката на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, со оглед дека Обвинителството сè уште не се произнело по предлогот за замена на притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба, побара судот да покаже човечност. – Барам судот да покаже . Кој било друг човек да беше обвинет во ваква здравствената состојба немаше да продолжи во притворски услови и молам одлуката да биде донесена без пристраност и без влијание од јавноста – рече адвокатка Коцевска.

Обвинителството во однос на предлогот на првообвинетиот рече дека ќе се произнесе писмено дополнително, со оглед дека одбраната доставила дополнителна медицинска документација. – Ако одбраната инсистира толку многу сега да се произнесеме, даваме негативно мислење затоа што од затворскиот лекар имаме мислење дека таа терапија може да му се даде во притворски услови – изјави Обвинителството.

Од одбраната на обвинетите Беким Хаџиу и Тодор Јованов пред судот изнесоа предлог за укинување на мерката притвор поради нарушена здравствена состојба. Одбраната на Шабан Салиу информира дека поднела писмен предлог за укинување на една од петте мерки за претпазливост.

Најнови вести од: Хроника

Обвинителството врши обемна и финансиска истрага на „Комуналец“ од Гостивар

Истрагата за случајот со загадената вода во Гостивар се проширува. Обвинителството побарало обемна финансиска документација од повеќе институции, се дознава од извори, вклучени во истрагата.

Претседателот на Стоматолошко друштво на Албанците зел мито, за да „положи“ лекарка стручен испит!

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“.

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

To top