Хроника

Утре почнува судењето за полицајците кои ноќта на 16-ти биле во „Пулс“

Обвинети се дека кобната ноќ, кога се случи пожарот, ниту ја прекинале забавата, ниту пак спречиле пиротехниката да биде активирана

Утре стартува судењето за 13-те полициски службеници, меѓу кои и началниците од ОВР Кочани и СВР Штип, кои кобниот 16-ти биле дежурни, но и ангажирани во „Пулс“. Обвинети се дека кобната ноќ, кога се случи пожарот, ниту ја прекинале забавата, ниту пак спречиле пиротехниката да биде активирана – пишува ТВ24.

Тие се обвинети за загрозување на општата безбедност и сигурност. Обвинението ќе го застапува обвинителката Спасенка Андонова, која беше избрана во ОЈО ГОКК.

Семејствата бараат на судењето да се појави обвинителката Ивана Трајчевска, која ја водеше истрагата, но пред стартот на судењето таа не доби нов мандат.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top