Тема: Такер Карлсон

Се продлабочува расколот со Трамп и МАГА на Карлсон, кој тврди дека „ЦИА му ги чита пораките и подготвува можни обвиненија“

Поранешниот водител на Фокс њуз, познатиот американски новинар Такер Карлсон тврди дека американските разузнавачки служби „го истражуваат, поради разговори со луѓе во Иран“. Тој вели дека “Централната разузнавачка агенција – ЦИА  ги чита неговите пораки“ и оти „подготвува можни обвиненија“.

Карлсон се обидувал да го одврати Трамп да не го напаѓа Иран, a тој го исклучи од „МАГА“ – движењето!

„Летав за Вашингтон трипати во последниот месец, за да се обидам да го убедам Трамп да не го напаѓа Иран. Не успеав. Му предложив да прогласи победа по убиството на 86-годишниот ирански верски лидер Хаменеи и да ги повлече силите. Но некој го убеди во спротивното..“ – изјави познатиот американски конзервативен новинар Такер Карлсон во својата емисија. Претседателот Доналд Трамп му возврати на Карлсон, со тоа што го исклучи од движењето „МАГА“ (Да ја направиме Америка повторно голема“ („MAGA – Make America Great Again“).

Такер Карлсон: САД вечерва ќе ја нападнат Венецуела, Трамп најави вонредно обраќање

Според познатиот американски новинар Такер Карлсон, еден член на Конгресот му доверил дека вчера членовите на Конгресот биле информирани за претстојна воена операција против Венецуела.

To top