Тема: товарен сообраќај

Државната статистика забележува голем раст на превезената стока во товарниот сообраќај

Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4% и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10.

Ќе се гради двоколосечна електрифицирана пруга до 200 км/ч за патнички сообраќај

Македонските железници работат на пруги стари повеќе од половина век, со прагови поставени уште во шеесеттите години, возови што се движат со 10 км/ч и драматичниот пад на бројот на вработени – тоа ја открива длабочината на децениското занемарување на ова претпријатие, вели директорот на Македонски железници – Транспорт, Синиша Ивановски.

To top