Тема: визи

Мицкоски: По жестоките и рафални критики кон Англија опозицијата сега ова го прави и кон САД! Очекувам набргу многу добри вести за граѓаните!

Ќе ве потсетам, не толку одамна, кога беа наметнати трговските тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелира таа ставка на 15 проценти. Во оваа смисла јас би бил внимателен и трпелив и набргу очекувам многу добри вести за македонските граѓани – изјави премиерот Мицкоски.

САД: Кој ќе се потсмева на смртта на Чарли Кирк – губи виза

Соединетите Американски Држави планираат да преземат строги мерки против странците кои на кој било начин ја величаат, оправдуваат или исмејуваат смртта на политичкиот активист Чарли Кирк. Оваа одлука денес ја објави заменик-државниот секретар на САД, Крис Ландау.

To top