Македонија

Во исчекување на најрадосната вест „Христос воскресе“

Велика сабота е последниот ден од Страсната седмица и претставува премин од тагата на Велики петок кон радоста на Велигден.

 

Овој ден е исполнет со длабока тишина, духовност и надеж, бидејќи верниците го очекуваат Христовото воскреснување.

Според христијанското верување, на Велика Сабота, телото на Исус Христос било положено во гробот, додека неговата душа слегла во адот за да ги ослободи праведниците.

Велика сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа. Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика сабота е определена како Ден за чување на гробот.

Затоа овој ден има особено значење – симболизира победа над смртта и подготовка за нов живот.

Во храмовите се одржуваат богослужби со посебен карактер, а вечерта верниците се собираат на полноќна литургија кога се објавува најрадосната вест: Христос Воскресе.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top