Тема: ВРЕДИ

Азизи: Засилено разговараме со 3-4 разочарани пратеници од НАИ да станат дел од Вреди и Владата, ова ќе го финализираме

„По локалните избори во Гостивар и Врапчиште во јануари 2026 година ќе има проширување на пратеничката група на Вреди.“ – најави Аднан Азизи, пратеникот од Вреди во емисијата „Дебата“ на ТВ 21.

ВРЕДИ: ДУИ без власт тоне во паника

„Албанците не паднаа во замката на „референдумот“ што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им […]

Даути: Освоените 10 општини се 10 печати на легитимитетот на Вреди како претставник на Албанците, кои ја казнија ДУИ, оти ја злоупотреби власта!

Во својата објава на фејсбук заменик-директорот на Царината на Македонија Мустафа Даути нагласува дека „целосен пораз доживеа и Националната алијанса за интеграција – коалицијата на ДУИ и Ахмети со двете крила на Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Арбен Таравари“. „Конечно, Села и Таравари како двајца лекари ѝ помогнаа на ДУИ да замине од клиничка во биолошка смрт. Вреди се бетонира како единствена опција што работи пред да ветува, која дејствува пред да биде доцна.“ – посочи на општествената мрежа Мустафа Даути.

Ахмети не гледа пораз на изборите, најави длабинска анализа и обнова на партиските редови

ДУИ ги изгуби сите поголеми градови како Кичево, Струга, Дебар, Тетово. Ахмети кој постојано зборува дека неговите опоненти во албанскиот политички блок немале легитимитет, по вториот круг од локалните избори целосно делегитимиран – ги изгуби најголемите битки во општините со албанско население.

ВМРО-ДПМНЕ го освои Скопје и уште 53 општини

Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Две општини ќе ги водат независни кандидати

To top