Македонија

Касами и Меџити ќе раководат со партијата ВРЕДИ

Петмината во раководството на новиот политички субјект доаѓаат од петте различни политички партии во коалицијата која ќе стане една партија на 9-ти мај

По обединувањето на колаицијата во една партија најавено за 9-ти Мај, ВРЕДИ ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар, најави Азир Алиу,.

Петмината во раководството на новиот политички субјект, кој ќе биде промовиран на 9 мај, доаѓаат од петте различни политички партии во коалицијата која ќе стане една партија.

Меџити: На 9-ти мај ВРЕДИ станува една партија

„Во моментот работна група од 5 луѓе работи на статутот на политичката партија ВРЕДИ органограмот и на предизвиците што ќе ги има партијата во иднина “,рече Алиу во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Тој вели дека од она што досега е познато, првите двајца луѓе што ќе раководат со Вреди од позиција на копретседатели на политичката партија се градоначалниците на Општина Чаир и на Општина Тетово, Изет Меџити (Демократско движење) и Билал Касами (Беса).

„ Навистина длабоко работиме заради две причини. Првата причина е бидејќи ваков модел на политички партии е несвојствен за балканските земји поради тоа што нема да има еден претседател на партија, туку ќе бидат двајца “, рече Алиу.

Алиу е оптимист дека за многу брзо време ќе пристигнат првите резултати во врска со пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија. Оптимизмот го темели на тоа што ресорните министри на дневно ниво работат на оваа проблематика, а на неделно ниво се одржуваат брифинзи за тоа до каде е Македонија во процесот.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top