Љутков: Работата во националните установи воопшто не е добра, реконструираме повеќе театри
Најзагрижувачка е ситуацијата во Народниот театар во Прилеп: таму веќе работиме на идејното решение. Таму веќе има проект за реконструкција на Центарот за култура со доградба за театар. Но ако почнеме да го правиме тоа, а театарот е затворен, тогаш вработените ќе ги оставиме на улица. Затоа се решивме, заедно со вработените, целосно да го реконструираме стариот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп, кога ќе го завршиме да продолжиме со реконструкција на Центарот за култура. Тоа е најпрактично решение, изјави министерот за култура Зоран Љутков.