Дваесетгодишник од тетовска Мала Речица под истрага за тероризам – се подготвувал да нападне со огнено оружје како во 2012 во САД, кога биле убиени 26 лица!
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам. Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Адам Ланца, 20 годишно момче, во училиште во САД со автоматска пушка убило 26 лица од кои 20 деца.