Пораката од седмоодделенец на тик ток „Ќе ги посетам на 18 мај“ предизвика паника во битолски „Стив Наумов“ – Полицајци во „цивилка“ ќе го чуваат
Пораки во родителски групи и објави на социјалните мрежи предизвикаа паника во Битола, откако почнаа да се шират тврдења дека ученик од седмо одделение во основното училиште „Стив Наумов“ се заканувал дека ќе убива соученици. Првичните информации што се споделувале меѓу родители биле дека заканите биле објавени на „ТикТок“. Но засега, за таква директна закана нема никаков доказ. Нема објава со експлицитна закана, ниту фотографија или снимка од евентуално избришана содржина. Сепак, поради стравот и реакциите во јавноста, ученикот во изминатите денови не посетувал настава.