Марта Кос да направи мал чекор за деблокада на патот кон ЕУ

Во пресрет на посетата на Марта Кос на Македонија, Демократскиот сојуз ја повикува Европската Унија да ги деблокира евроинтеграциските преговори на Македонија, бидејќи тоа е во согласност со геостратешките состојби и во интерес и на Македонија и на ЕУ. Демократскиот сојуз од Еврокомесарката Марта Кос бара да направи мал чекор за деблокадата: Прво, да предложи […]

Наместо да издвојува 5% од БДП за одбрана, Италија ќе гради мост кон Сицилија

Соочени со најновото барање на НАТО за издвојување 5% од БДП за одбрана, италијанските политичари предлагаат изградба на мост од 13,5 милијарди евра до Сицилија што би се претставил како воен трошок. Италија е една од земјите на НАТО кои најмалку издвојуваат за одбрана: Минатата година издвои само 1,49 проценти од бруто домашниот производ за […]

ДУИ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ започнаа кампања против пописот на населението

Интегративците велат дека ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги користат албанските партии за да ја уништат еднаквоста „Никогаш претходно не се случило за толку отворено антиалбански политики, македонските партии да ги користат албанските партии како „алатка“ за подготовка на теренот за институционална интервенција“. „Гледаме опасен образец што се повторува со јасен сценарио: Првично, малите албански партии […]

Со кого седеше Сиљановска Давкова на кралската маса во Севиља (ФОТО)

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера присуствувала на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите на  Меѓународна конференција за финансирање на развојот под покровителство на ОН го приредил Кралот на Шпанија, Фелипе VI и Кралицата Летиција.   На настанот од глобално значење присуствуваат седумдесетина шефови на држави и влади.   ,,🇲🇰🇪🇸🇺🇳 Со особена чест присуствував на […]

Песков: Од Киев зависат преговорите за прекин на огнот

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата на терен“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вчерашното телевизиско обраќање. Песков не даде дополнителни детали за тоа што Москва очекува од Вашингтон или Киев. Москва побара Украина да се откаже од повеќе земја […]

Далај Лама ќе го избере својот наследник

Врховниот духовен лидер на ТибетДалај Лама, кој избега од земјата во 1959 година по неуспешното востание против кинеската власт, најави дека ќе го избере својот наследник. Далај Лама рече дека неговиот наследник ќе се роди надвор од Кина и ги повика своите следбеници да го отфрлат секој што ќе го избере Пекинг. Тибетските будисти сметаат […]

Кога ќе шеташ да гледаш преку рамо – градоначалникот на Струмица му се закани на Латас да внимава кога минува улица

Во објавениот проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови, актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов му упати клетва и закана за одмазда на новинарот Драган Павловиќ Латас. Причината е што Павловиќ го споменал името на неговиот татко во негативна конотација како коцкар. Костадинов отворено му се заканува на Павловиќ дека треба да внимава […]

Марта Кос во Македонија – средба со премиерот Мицкоски

    За време на нејзиниот престој, таа ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски, а исто така ќе учествува и на лидерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан, кој денес иу утре ќе се одржи во Скопје, а на кој ќе се дискутира за Планот за раст.   За денес попладне е закажана тет-а-тет средба […]

Ирански ајатолах издаде „фатва“ против Трамп и Нетанјаху

Повик до сите муслимани низ целиот свет да ги натераат овие непријатели „да се покаат за своите зборови и грешки“. Врховниот шиитски свештеник во Иран издаде „фатва“ или религиозен декрет против американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи ги „непријатели на Бога“, јави NTV World Декретот од големиот ајатолах Насер Макарем Ширази […]

Од 1.7.2025 Данска го презема претседавањето со ЕУ – Веќе ја посоветува Македонија „сама да го зграпчи евромоментот“ и да си го смени уставот

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа. „ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денес и утре поради одржување на лидерската средба ЕУ-Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои […]

Денес во Скопје започнува дводневна лидерска средба ЕУ-Западен Балкан за евроинтеграцијата и економскиот развој на регионов – Средба Мицкоски-Кос

Денеска во главниот град на Република Mакедонија Скопје ќе започне дводневната лидерска средба ЕУ-Западен Балкан, посветена на Планот за раст. Планот за раст за Западниот Балкан нуди придобивки за шесте земји, кои се подготвуваат за членство во ЕУ. На средбата во Скопје ќе биде разгледан нивниот евроинтеграциски напредок и ќе се разговара за следните чекори […]

To top