Свет

По жестока јавна дебата, Еди Рама го покани Најџел Фараж да ја посети Албанија

Британскиот политичар Најџел Фараж ги обвини Албанците во Велика Британија дека се премногу застапени во затворите, тврдејќи дека „еден од 50 Албанци е во затвор“ и му рече на албанскиот премиер Еди Рама да ги врати сите назад.

Албанскиот премиер Еди Рама и британскиот десничар Најџел Фараж влегоа во жестока јавна дебата за мигрантите.

Сè започна кога Рама изјави дека Велика Британија е „во мрачно место по Брегзит“ и го обвини дека се обидува да ги „одложи“ мигрантите.л Фара

Британскиот политичар Најџел Фараж ги обвини Албанците во Велика Британија дека се премногу застапени во затворите, тврдејќи дека „еден од 50 Албанци е во затвор“ и му рече на албанскиот премиер Еди Рама да ги врати сите назад.

Рама остро одговори дека ова не е факт, туку бесмислена популистичка статистика од „прирачникот за по Брегзит“ и повика на јавна верификација на податоците. Ако Фараж е во право – Рама ветува дека ќе ги врати сите затвореници.

Ако не – Фараж станува негов почесен гостин во Албанија, со сонце, гостопримство и „малку реални факти“.

Фараж не се повлече – ги презентираше бројките: 1.099 затворени од 53.000 Албанци. Рама потоа го корегираше дополнително, наведувајќи дека оваа проценка се базира на нецелосни податоци, бидејќи не ги вклучува нелегалните мигранти. Вистинското албанско население во Велика Британија веројатно е поблиску до 140.000, што би значело – помалку од еден од 100 во затвор.

Рама рече дека Албанците не се статистика за политички игри, туку луѓе – студенти, работници, претприемачи – и дека криминалот меѓу нив е на исто ниво како и кај остатокот од британското население.

Конечно, Рама објави фотомонтажа со вештачка интелигенција од себе и Фараж во костими за капење на албанскиот брег – со покана до британскиот политичар да дојде и да се соочи со фактите лично.

Најнови вести од: Свет

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

ЕУ ќе бара од Канада и Британија поголемо финансирање за Украина

ЕУ и нејзините земји-членки обезбедуваат 80 отсто од помошта за Украина, изјави Урсула фон дер Лајен и истакна дека итно е потребно други партнери да го пополнат финансискиот јаз од 70 милијарди евра со кој Киев ќе се соочи следната година

To top