Архива за: 21.07.2025

На фолклорна манифестација во Загреб ќе настапат „Триото Гавровски“ од Тетово со „Гласоечко пеење од Долни Полог“ и фолклорната група „Копачката” од Драмче, Делчево

Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со заедничка програма под мотото: ,,Нематеријална култура и идентитети: хрватски и македонски добра на листите на УНЕСКО”

Села: Курти ми предложи на 4.1.2024 да го номинираме Таравари како кандидат за претседател на државата?!

Лидерот на неговото крило во АА Зијадин Села на косовската ТЕВЕ 1 вчера и пред една година во изјави на иста тема – „кандидатурата на Арбен Таравари за претседател на Македонија“ – откри дека „Албин Курти тогаш како премиер на Косово и премиерот на Албанија Еди Рама го поттикнувале Таравари во 2024 година да се кандидира за таа функција“ и оти „меѓу себе воделе битка за изборите во Македонија“! Поточно, кој би остварувал потоа политичко влијание во државата!

Скандалозен противмакедонски шовинизам на АА: Им пречи кампањата „Македонско најдобро – бараат да се нарекуваат „албански“ производите на земјоделците-Албанци, а не „македонски производи“!

„Новата кампања на Министерството за земјоделство со слоганот ‘Македонскo најдобро: нашата традиција, нашата гордост’ претставува отворена навреда за албанските граѓани и сите немакедонски заедници во С.Македонија. Намерната и постојана употреба на терминот ‘Македонско’ во кампања, финансирана од државата не е случајност – тоа е исклучувачка политика. Ова е обид да се претвори државата во сопственост […]

Претседателката додели сертификати на децата од дијаспората на камп за извонредност во Охрид

Кампот е успешен проект, не само заради стимулирањето креативни технолошки активности, туку и заради возобновувањето на врската со татковината, учењето македонски јазик, дружењето, воспоставувањето пријателства

„Македонско најдобро“ – кампања за зголемeно домашно производство

Во рамки на кампањата е активирана и дигиталната платформа www.makedonskonajdobro.mk, која нуди интерактивна мапа „Каде да купам“ за полесно пронаоѓање на најблиските продажни места со македонски производи.

Советот на Европа бележи дека Македонија има „умерена пренатрупаност“ на своите затвори и 143 затвореници на 100 илјади жители

Според Марсело Аби, професор на Универзитетот во Лозана и раководител на истражувачкиот тим, што го изготви извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ), „пренатрупаноста сериозно ги поткопува условите за живот на затворениците и напорите за нивна рехабилитација од страна на затворските администрации“.

Коњановски: Направив сообраќаен прекршок и веднаш си ја платив казната

Градоначалникот на Oпштина Битола, Тони Коњановски за објавите на социјалните мрежи , вели дека е точно дека направил сообраќаен прекршок, но дека е лага дека се ставил над законот и казната си ја платил. „Категорично ги демантирам сите објави низ социјалните мрежи со кои се прави кампања против мене и се наведува дека јас сум […]

To top