Македонија

Димитриеска-Кочоска: Вложувањето во спортот е инвестиција во здрава нација и поддршка на економијата

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска вели дека важно е секое дете да има пристап до спорт и дека заради тоа се вложува многу во училишниот спорт.

Спортот е еден од главните приоритети на Владата и Министерството за финансии и затоа поддршката на спортот е во фокусот на работењето на оваа Влада.

  • Вложувањето во спортот создава здрава нација, а спортот е единствен начин за постигнување на тоа. Ако сакаме да имаме економија треба да имаме здрава нација, дисциплинирана, посветена и победнички насочена“, рече министерката којашто денеска учествуваше на Регионалниот спортски самит, Скопје 2025 на тема „Спортот како симбол на национален идентитет и патека за иднината.

Иднината на спортот: Национална стратегија, инвестиции и иновации“.

Според министерката важно е секое дете да има пристап до спорт и дека заради тоа се вложува многу во училишниот спорт.

  • Како Влада даваме голема поддршка на спортот. Буџетот знаеме во каква кондиција, но и покрај сите потепшкотии што ги имаме буџетот за спортот е двојно зголемен во 2025 година во споредба со 2023 година. Имено, во 2019 година се издвојувале 300 милиони денари, во 2023 550 милиони денари, а годинава се издвоени 1,2 милијарди денари“, рече министерката.

Таа потсети на законските одредби преку кои може да се поддржи спортот од страна на економските субјекти и најави дека во наредниот период ќе се отворат поеќе закони и ќе се разгледуваат од повеќе аспекти, вклучително и од аспект на поддршка на спортот.

Наведе дека во моментот во собраниска процедура е Законот за игри на среќа преку кој приредувачите на игри на среќа уплаќаат дел од средствата во Министерството за спорт. Посочувајќи дека по овој основ се слеваат 200 милиони денари, рече дека очекува во нареднито период тој износ да расте. Министерката говореше на пенелот посветен на спонзорствата во спортот: Како да се изградат профитабилни партнерства.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top